Андоновски: Јавен автобуски превоз нема поради коалицијата ДУИ – СДСМ – Данела Арсовска

Од:

Има причина зошто СДСМ и ДУИ не гласаа за потребата од итноста за оваа вонредна седница во време кога граѓаните на град Скопје не можеа да се превезуваат до своите работни места или до местата каде што имаат потреба со јавен автобуски превоз, изјави Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на денешната седница.

Тој истакна дека има причини зошто се бунтуваат на протести затоа што овој проблем на немање јавен автобуски превоз е проблем на коалицијата ДУИ – СДСМ – Данела Арсовска.

„Ќе објаснам зошто. Директорот на ЈСП, кој вчера најави дека автобусите нема да сообраќаат, а неговиот колега најави дека ќе протестираат, е член на СДСМ во една од општинските организации, поставен од градоначалничката без консултација со Советот, ни со надзорен ни со управен одбор. Протестот е пред Владата на СДСМ, а сметаат дека треба да има протести оти МОН не му префрлило 2 милиона денари на Град Скопје, а министер е кадар на ДУИ, Јетон Шакири“ рече Андоновски.

Тој посочи дека во исто време кадри на ДУИ се раководства на јавни претпријатие во град Скопје поставени од третата алка во оваа коалиција ДУИ – СДСМ – Данела Арсовска.

„На крајот, велат дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно. Не. ВМРО-ДПМНЕ ви го пресекува овој Гордиев јазол и повикуваме Град Скопје да ги обезбеди финансиите за ЈСП во најбрз можен рок, да ја искористи можноста со ребалансот. Градоначалничката рече дека повеќе години се натрупувале долгови во ЈСП. Точно е, над 5 години СДСМ го владее ова претпријатие. Имате раководство сега на СДСМ, претходно време на Шилегов и ДУИ, кое е во коалиција, ама не сака да исплати пари од МОН и тука ја имате Данела Арсовска, која не знае со кого си фатила работа“, нагласи Андоновски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник