Андоновска: Заштитата на животната средина ни е еден од приоритетите, почнувајќи од големи проекти

Од:

Денеска сме овде малку да набиеме позитивна атмосфера. Мислам дека тоа е она што ни треба во овие избори, доста е од собирање по митинзи, сувопарни говори коишто никого не можат да го покренат. Тука сме од различни возрасни категории, мажи, жени, млади, стари, малку да се подружиме, ќе гледаме да допреме до граѓаните го кои не сме допреле на друг начин, да поразговараме со нив околу нашата програма. Се надевам дека ќе наидеме на одзив и можеби ќе ни се придружат понатаму во една прошетка по кејот. Тоа ни беше целта, да излеземе малку од оние стереотипи што се класични, доста им е на луѓето, вели носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во Изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска.

– Многу нешта треба да се направат. Заштитата на животната средина ни е еден од приоритетите, почнувајќи од големи проекти. Мора да се почне со големи проекти, кај нас е спомнато во програмата меѓутоа не е потенцирано, да ја прашам јавноста што направија сите Влади наназад за Преспанското Езеро? Кога зборуваме за екологија не треба да се задржиме само на амбиенталниот воздух во големите градови, што станува со нашите езера и со нашите реки?

За Преспанското Езеро, не знам дали знае јавноста, постои некоја физибилити студија од пред 20 години, јас ја имам, никој не ја спомнува, кој како ќе дојде на власт спомнува нешто ново. Ние ќе почнеме со физибилити студија, во меѓувреме езерото ни замина, што останува друго со сите природни убавини што ги имаме, со сите скијачки центри кајшто луѓето можат и бесплатно да спортуваат, да се дружат.

Да не зборувам за некој поголем развој на туризмот, екологијата не треба да се мисли само екологија во буквална смисла. Што станува со екологијата на духот, екологијата во секоја смисла, мислам дека тоа го заборавивме. Ќе се трудиме пред се со некои мастер-планови да влеземе, не можете да се борите за нешто ако немате мастер-план. Еве да ги поврзам Охридското и Преспанското Езеро, на времето постоеја скијачки центри на Галичица, што станува со нив, со другите скијачки центри кајшто одржувавме Шарпланински купови, што станува со Маврово останато во рацете на приватници што се грижат само за личниот профит. Што станува со бањскиот туризам? Значи кога зборуваме за туризам и екологија, треба да бидат достапни за сите. Не треба да бараме чист воздух надвор од државата, а не си го бараме тука. Скоро имаше некое интревју со некој долгогодишен градоначалник на Љубљана, се чуди како може до тој степен да си ја загадиме природата? Што станува со Охридското Езеро и сите пловни езера кајшто горивото го сипуваат од канти и истекува во езерата, на пример еден Блед или Плитвички Езера работат исклучиво на струја. Многу е комплексен проблемот лично верувам дека некои помлади генерации, ние ќе ги кажеме горливите проблеми ама треба млади луѓе кои ќе влезат исто така во парламентот да застанат зад сите овие проекти кои темелно и долгорочно ќе ги отстранат овие проблеми – рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Се залагаме за развој на земјоделието и на конзервната и преработувачката индустрија

Андоновска: Пакетот за социјална помош биде загарантирани 18.000 денари

Андоновска: Здравствените работници и вработените во Фондот за здравство се незадоволни од условите за работа

Горан Наумовски

Андоновска: Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“

Андоновска: Ќе се залагаме во парламентот да се регулира статусот на училишните спортски клубови

Горан Наумовски