Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

Од:

Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, рече на прес конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Судијката која можеше да го спречи убиството на Фросина, ако на Ваисл Јованов му досудеше затвор, во куќата сместила штаб на СДС.

Зарем треба нешто повеќе да се каже за спрегата меѓу судството и СДС?

До каде оди лудилото кога веќе не се ни кријат дека се во релација?

Дали вакво судство треба да продолжи да одлучува за судбините на граѓаните?

И како можеме од вакви судии да очекуваме непристрасност и судење според закон?

И истата оваа Aлексовска Стојановска која како судијка во куќата имала штаб на СДС и ден денес суди.

Судскиот совет не ја разрешува, затоа што тоа се чедата на Заев, Ахмети и Наке Ѓоргиев во судството и обвинителството.

Со овие луѓе не можеме да очекуваме да имаме судство кое ќе работи за граѓаните, туку само за мафијата од СДС и ДУИ, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи