(ВИДЕО) Андоновска: Скоро цела недела не се знаат причините за смртта на новороденчињата на гинекологија

Од:

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денес во изјава за медиумите рече дека се уште нема оставки и одговорност од одговорните откако починаа четири дечиња на Клиниката за гинекологија.

– Поминаа пет дена откако бевме сведоци на најтрагичниот настан на гинекологија, а на Таравари и Заев око не им трепнува. Скоро цела недела како не се знаат причините и се покриваат работите. Очигледно некој купува време. Како што го криеја скандалот два дена се додека медиумите не го објавија. Дали некој се обидува да склопи извештај во кој нема лекарска грешка или нема одговорност за болницата? Дали на овој начин ќе се спасуваат Таравари и директорката Јовановска? Дали купуваат време за да ги убедат родителите и јавноста дека на новороденчињата им било пишано да починат? Колку бебиња треба да ги загубат животите за директорката на Клиниката за гинекологија Јовановска да си замине бидејќи нема капацитет да ја води клиниката, а единствена референца и е пријателството со Зорица Заева?, праша Андоновска.

Таа додаде дека наместо да го работи тоа за кое што зема пари, се занимавала како да му помогне на пријателот Заев во партиските ангажмани.

– Директорката Јовановска, Таравари и Заев создадоа невиден хаос во здравството и на секаков начин се обидуваат да избегаат од одговорноста. Уплашен и во неверување, народот е згрозен од неодговорното однесување на СДС. Хаосот кој го создаде СДС на долг рок ќе предизвика пад на квалитетот на услугите во здравството, а тоа директно ќе го почувствуваат пациентите. ВМРО-ДПМНЕ апелираше и ги прави сите напори да помогне да го разбуди СДС и неговите партиски заспани војници кои целосно заборавија на нивните ветувања и здравјето на граѓаните го оставија во втор план, рече Андоновска.

Според неа, граѓаните биле приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, затоа ГАК била реновирана и биле набавени 11 респираторни машини, 16 инкубатори, 3 вормери, 1 ултразвучен апарат, 1 мобилен рендген апарат, 1 апарат за гасни анализи и 10 перфузори/унфузиомати.

– Опремивме најсовремени операциони сали, а во 2013-та беше отворена и 5-та операциона сала за минимално инвазивна хирургија опремена со најсовремена апаратура за лапараскопски интервенции. ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Програмата на Министерството за здравство на Република Македонија за едукација на лекари и педијатри, на ЈЗУ и Клиника за гинекологија и акушерство им додели 5 субспецијализации по неонатологија за педијатри вработени на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија и Одделението за новородени деца. Јовановска, Таравари и Заев, наместо да гледаат да го унапредуваат здравството и да ја употребуваат опремата која им ја остави ВМРО-ДПМНЕ, тие креираат страв и неизвесност кај сите граѓани кои имаат потреба од услугите на ГАК, заврши Андоновска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис