Андонов: Психофизички сум здрав

Од:

Психофизички сум здрав за да ја извршувам работата, не ми е одземена деловната способност, вели дополнителниот заменик министер во МВР, Оливер Андонов.

 Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи  денеска ги отфрли сите обвинувања за негова каква било вмешаност во актуелните случувања на Универзитетот МИТ.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска Андонов информираше дека во март оваа година има поднесено тужба против Билјана Апостолова, генерален директор на МИТ Универзитетот; поврзано со постапка од работните односи поради мобинг и неправедно казнување додека бил вработен на тој Универзитет.

– Одговорно тврдам дека на никого не сум се заканувал и најмалку имам личен удел во актуелните случувања на МИТ Универзитетот -изјави  Андонов по денешната промиција на новите плициски службеници во Центарот за обука во Идризово.

Тој појасни дека целиот случај со МИТ Универзитетот го води Јавното обвинителство, а полицијата, истакна, нема врска со тоа, освен што постапува по налог на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андонов: За 26 отсто зголемено производството на електрична енергија во 2022

Андонов: Да сакаше Чавков државен удар, ќе направеше додека протестираа „Шарените“

Наум Локоски

(ВИДЕО) Андонов: МВР призна дека го прислушкува врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

(ВИДЕО) Андонов: СДСМ во паника започнува на криминален начин, со поткуп да привлекува гласови

Наум Локоски

(ВИДЕО) Андонов: Забележливо е мешање на државата и партијата во изборни цели

Наум Локоски

Оливер Андонов поставен за директор на ЈП „Јасен“

А1он