Оливер Андонов поставен за директор на ЈП „Јасен“

Од:

Оливер Андонов ќе раководи со Јасен, неофицијално дознава А1он. Ова назначување доаѓа токму во момент кога шумскиот резерват Јасен и воено инфраструктурните објекти таму беа спомнати од неделникот „Фокус“ како место од каде ќе се командува со апсење на „пучистите“ по прогласување на вонредна состојба.

Според пишувањето на „Фокус“ постои план Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојба доколку мнозинството во парламентот избере спикер, а потоа и нова влада. Весникот пишуваше дека Иванов неодамна бил во мисија на подготовка на објектите за сместување на Груевски Иванов и нивните семејства за време на евентуална воена состојба.

Оливер Андонов еден ден беше министер за внатрешни работи, а потоа беше заменик на министерот Оливер Спасовски и важи за човек од доверба на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андонов: За 26 отсто зголемено производството на електрична енергија во 2022

Активни три поголеми пожари: близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица

А1он

Нацев: Одговорност за масакрот во Јасен мора да има

Ана Ололовска

Андонов: Да сакаше Чавков државен удар, ќе направеше додека протестираа „Шарените“

Наум Локоски

(ВИДЕО) Андонов: МВР призна дека го прислушкува врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

(ВИДЕО) Андонов: СДСМ во паника започнува на криминален начин, со поткуп да привлекува гласови

Наум Локоски