(ВИДЕО) Андонов: СДСМ во паника започнува на криминален начин, со поткуп да привлекува гласови

Од:

Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ од ден на ден ја губи поддршката од граѓаните и се соочува со сериозен пораз на изборите во недела, па затоа во паника почнува на криминален начин, со поткуп да привлекува гласови.

– Овие фотографии кои ги гледате зад мене се од Крива Паланка, каде што во присуство на полициски службеници со службено полициско возило, активисти на СДС испратени од Заев делеа прехранбени продукти на граѓаните (масло за јадење). Овде е прикажан само еден еклатантен обид за поткуп на граѓаните од страна на СДС што се обидуваат да го реализираат и во повеќе општини во Република Македонија. Предупредуваме дека со оваа постапка, СДС го прекршуваат чл. 162 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, кој вели: ‘Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години’, рече Андонов.

Тој рече сината Шкода на сликата е службено возило на МВР, кое било забележано дека се користи за партиски цели, а според член 8Б од изборниот законик, за потребите на изборната кампања забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи.

– Сите овие постапки на Заев и Спасовски се кривични дела за кои кривично гони и за кои ќе се одговара откако ќе замине неспособната власт на Заев и ќе се врати правната држава. Ваквите предизборни манипулации и криминали нема да му помогнат на СДС да ги оствари своите цели. Очигледно е дека Заев и Спасовски како впрочем и целото СДС заради остварување на сопствените интереси се подготвени да ги жртвуваат активистите на СДС но и да ги злоупотребат со нивна согласност или не, како што се гледа на приложените слики полициските службеници. Тие впрочем во последниве четири месеци покажаа дека свесно ја жртвуваат државата и во неа сите граѓани, а не пак да си поигруваат со поединци поттикнувајќи ги во вршење на кривични дела за кои ќе сносат лична одговорност според закон, рече Андонов.

Според него, маслото кое што го делат во обид да ги „маслосуваат граѓаните“ не може на СДСМ да им донесе ништо повеќе од дополнителен срам и да ги прикаже во нивното вистинско светло, како што рече Андонов, на рушветџии, неработници и неспособници за решавање на вистинските и реалните проблеми на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните да не обрнуваат внимание на бедните обиди за поткуп од страна на СДС и во недела на 15-ти октомври масовно да излезат на избирачките места и да гласаат за број 13 за кандидатите за градоначалници и советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, заврши Андонов.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов