А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Анализираните примероци вода од резервоарот во Стровија немаат физичко-хемиска промена

by А1он11/07/2018 - 12:15244
Share0

Центарот за јавно здравје во Прилеп ги доби резултаите од испитаните примероци на водата од резервоарот крај јавната чешма во селото Стровија во општина Долнени каде непознато лице пред три дена истурило црна течност.

Добивај вести на вибер

Според д-р Петар Оханесијан, специјалист по хигиена анализираните примероци немаат никаква физичко-хемиска промена, ниту заматување на водата.

– Водата одговара на испитаните физичко-хемиски параметри и нејзините особини се органолептички својствени за тој вид примероци. Нема промена ниту на мирисот, на вкусот, ниту на бојата и нема заматување, вели доктор Оханесијан.

Водата од резервоарот не е хлорирана. Во примероците земени за испитување нема никаква промена, ниту трага од друга супстанца. Инаку, селото Стровија во општина Долнени има локален водовод.

Според СВР Битола, во периодот од 7 до 9 јули непознат сторител делумно ја отстранил бетонската покривка од резервоарот за вода на јавната чешма во центарот на селото Стровија и истурил непозната црна течност и заминал. Полицијата го испитува случајот.

prilepvoda

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен