АНАЛИЗА: Уште едни избори без попис!

Од:

Спроведувањето на пописот, без одложување, тактизирање и политиканство треба да биде врвен приоритет  бидејќи оваа статистичка операција е основа за сите пресметки, важна не само за изборниот процес туку и за економските движења. Ова го велат дел од експертите од областа на статистиката за неделната економска анализа на Порталб, во моменти кога  брјни  државни институции ги вкрстуваат податоците за граѓаните во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори а како дел од операцијата за чистење на Избирачкиот список.

Без пребројување на населението нема кредибилни податоци…

Вкрстувањето на податоците за граѓаните преку единесет различни државни иституции ќе помогне во прочистување на Избрирашкиот список во пресрет на следните избори, но тоа не може да биде замена за попис, оперција која Македонија не ја спровела уште од 2002 та година, вели еден од поранешните директори на Заводот за статистика, Дончо Герсимовски. Очекува дека преку вкрстување на податоците на површина ќе испливаат и оние “фиктивни гласачи“

„Сега се спроведува вкрстувањето на податоците од 11 различни инститции. Меѓу нив секако најзначајни се државните фонодови како ПИОМ и ФЗО, како и Управата за јавни приходи. Од друга страна многу важно е какви се базите на податоци со располагаат овие инститиции. Очекувано е дека различните податоци кои ќе се појават при вкрстувањето, потоа да се проверуваат потоа на терен. Проблематично, односно сомнително  според мене ќе биде на пример кога на иста адреса, живеалиште,  ќе се појават  20 до 30 луѓе. Значи зборуваме за гласачи од Пустец а очекувам дека ќе се појават и гласачи од Косово. Тука се и починатите како и оние што се отселени од Македонија“, вели за Порталб Герасимовски.

Според него, нема сомнеж дека Македонија мора што поскоро да го преброи населението, бидејќи само на таков начин ќе се содаде основа за сите идни економски и политички  мерења. Оваа операција  се смета дека не е важна само за  да се преброи населението дома, туку и да се добие комплетна слика, бројка и статус за луѓето што работат и живеат во странство. Според експертите од областа на статистика,  ние како држава сега не располагаме со  квалитетни податоци за тоа колку од населението заминува надвор од земјата  и колку долго таму престојува бидејќи повремените враќања не може да се сметаат како доселување.

„Електронски попис“, „Регистри“ или „Теренско пребројување“ ?

По дебаклот на пописот во 2011 години, Владата најави дека ќе ја спроведе оваа операција електронски. Имено, тогашниот премиер Никола Грувески изјави дека ќе се спроведе “електронски попис“.

„Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект. Подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во две насоки,  електронско поврзување на матичните евиденции за пописот да биде главно електронски и теренски активности, кои треба да покријат само 30 отсто од пописот“, изјави лани Груевски.

Оваа изјава на поранешниот премиер остана само на “најава“. Невладиниот сектор пак неодамна објави истражување посветено токму на пописот и потребата од него,  во кое се разработуваат моделите на “електронски попис“ и попис базиран на “регистри“. Но ова истражување, повикувајќи се на изјави и оценки на експерти и политичари упатува на тоа дека најдобар модел за пребројување на населението е теренскиот, пренесува Порталб.

„Експертите и политичарите сметаат дека најдобриот модел за прочистување на избирачкиот список е задолжителното активно регистрирање на секој граѓанин, како и целосното теренско ажурирање на избирачкиот список. Како многу важен елемент кој го надополнува ажурирањето на избирачкиот список, испитаниците ја посочија верификацијата на идентитетот на гласачите на денот на избор ите, бидејќи користењето туѓ идентитет при гласањето беше честа појава во изминатите изборни циклуси““, се вели во последното истражување “Каков попис и избирачки список ѝ се потребни на Македонија?, изработено од НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование, Осми Септември и Центарот за развој на медиуми  во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Традиционалниот начин на попишување преку терен е најскап, но тој е најприменлив за наши околности, смета Герасомовски.

„Електронското попишување не е возможно бидејќи за тоа пред се се потребни законски рамки, точно утврдена методологија и стандарди. Може да се зборува за комбинирање на “регистри“ и “теренско“ попишување но и з аова е потребно да се исполната услови, односно најпрво треба да се спроведе теренски попис преку кој во законска рамка ќе се направат и регистрите кои потоа ќе бидат основ за следен попис. Сметам дека Македонија мора да ја спроевде оваа операција, бидејќи Обединетите нации веќе ги поставуваат новите стандарди за попис 2016-2020 година. Ние, ќе треба та да го направиме врз постоечките стандарди, но без разлика на тоа оваа операција неминовно мора да се спроевде“, вели  за Порталб Герасимовски.

Последниот обид за попис,  кој беше направен во 2011 година, го чинише Буџетот 14 милиони евра. Операцијата за пребројување на населението започна, но не заврши, проследена со забелешки, негодувања па дури и физички пресметки.

„По пропаѓањето на пописот во 2011 година и по првичните негативни реакции и критики во јавноста за отсуството на политичка волја кај власта за негово кредибилно спроведување, како и за големите финансиски штети кои настанаа поради недовршената статистичка операција, следуваше долг период во кој оваа тема се чуваше „под тепих“ и далеку од очите на јавноста. Власта не презеде никаква одговорност за неуспехот на пописот, никој не беше казнет за незаконско однесување и нарушување на регуларноста и законитоста на попишувањето, а немаше ниту најави, ниту пак каква било дискусија за тоа кога ќе биде спроведен нов попис на населението. Ваквото поведение на власта резултираше со тоа Македонија да остане единствена земја во Европа, и една од ретките во светот, која нема спроведено редовен попис на населението веќе 13 години“, се нотира во извештајот на невладиниот сектор.

Неодамна лидерот ан ДУИ, Али Ахмети изјави дека во земјава и во наредните години нема да спроведе пописот, и тоа ќе биде така се додека не се направат реформи во државниот Завод за статистика, пренесува Порталб.

Македонија, заедно со Сомалија е во групата на  земји во светот кои повеќе од една деценија не спровеле попис на населението.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ