НВО Инфоцентарот објави анализа за содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др.
Овој извештај, како што се наведува, се однесува на периодот, март – ноември 2017 година, а мониторингот ги опфатил централните вести на телевизиите: ТВ 24, Телма, Сител, МРТ1, Алсат М, Канал 5, Алфа и ТВ 21; дневните весници: Слободен печат, Вечер и Дневник[1] (нивните интернет-страници/ електронски изданија) и порталите: А1он, Плусинфо, Република, Курир и НоваТВ.
Клучни наоди:
– Во првите четири месеци од мониторингот, односно од март до јуни, беа објавени дури 76% од содржините или во просек 7 прилози дневно.
– По формирањето на Владата предводена од СДСМ, интензитетот на написи и прилози драстично се намали (во просек 2 текста дневно), но хајката и натаму продолжи, се вели во анализата на НВО Инфоцентарот.
Објавени содржини по месеци
– Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија 80% од вкупниот број текстови односно во просек објавуваа3 прилози дневно, а во првите 4 месеци, овој просек се искачуваше и до 6 прилози дневно.
Објавени содржини
– Од нив, според НВО Инфоцентарот најголем број објави имаат: Република (23%), Курир (21%), Вечер (12%) и Дневник.(9’%).
– Од критичките медиуми најмногу содржини објавија: А1.он (6,5%), Плусинфо (4%), НоваТВ (3%) и Слободен печат (3%).
Објавени содржини по медиуми
– Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, заедно со оваа партија и иницијативата СОС, водеа жестока „црна“ кампања против Џорџ Сорос, Фондацијата Отворено општество Македонија, граѓанските организации, активистите, УСАИД, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, се наведува во анализата.
– Според овие медиуми, најголеми непријатели на Македонија се Џорџ Сорос, неговата фондација и граѓанските организации.
– Најголемиот дел од прилозите објавени во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ беа анонимни и често пати еден ист текст беше реобјавуван во различни портали и весници.
– Критичките медиуми, пак, претежно ги објавуваа реакциите и демантите на нападнатите страни, а редовно информираа и за текот на инспекциите и истрагите врз граѓанските организации, иницирани и оркестрирани од страна на поранешната власт, пишува во анализата на НВО Инфоцентарот.
Пресек на најчестите обвинувања во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ