Партиската машинерија на терен – неформалната кампања веќе е во полн ек. Според аналитичарите ова се избори кои ќе траат „најдолго“ бидејќи датумот за нивно одржување е познат седум месеци однапред. По бриселското фијаско, власта реши да ја тетстира својата доверба а опозицијата прифати да влезе во изборен циклус со надеж дека разочарувањето што го донесе француското“не“ ќе се фактурира на контото на опозицискиот блок, пишува неделната анализа на Порталб. Но, аналитичарите предупредуваат дека овие избори ќе бидат едни од најнеизвесните а партиите ќе мора да понудат нешто релано и остварливо на веќе презаситените и сензитивни гласачи.
Надуван балон со ветувања или реална програма и понуда – како да се мотивираат разочараните…
Власта треба да ги убеди гласачите дека Македонија нема друга алтернатива освен европската а опозицијата треба да објасни како ќе ги поддржи евроатланските интеграции чија пат поминува преку Преспанскиот договор. Аналитичарите коментираат дека на претстојните предвремени парламентарни избори сите политички играчи ќе имаат макотрпна задача да ги мотивираат неопределените, но и дел од своето гласочо тело кое демонстрира разочараност.
„Се чини дека „големата тројка“ сеуште не е свесна за големината на овој предизвик. Тие и понатаму се свртени само кон своите симпатизери, упорно „хранејќи“ ги со пораки кои само тие ги разбираат целосно и кои се наменети да го зацврстат чувството на припадност кон некаква си партиска елита, а истовремено да го оцрнат својот замислен противник од спротивниот табор. Со таквиот начин на комуникација и однесување тие всушност создаваат свој паралелен свет кој се повеќе се „одлепува“ од реалниот во кој живеат партиски неопределените граѓани“ – вели за „Порталб“, Гоце Пачемски, експерт за односи со јавноста.
Претстојат избори на кои партиите треба да истрачаат на терен во услови кога едните не ги оставрија ветувањата а другите не успеаја да се одлепат од “багажот“ што го носат од минатото со печат на криминал, коментираат аналитичарите.
„Ќе не чека една чудна изборна кампања. Очигледно е дека СДСМ во овој момент нема што да понуди, исполнија многу малку ветувања од нивната изборна програма „За живот“, па оттука и нивната сегашна кампања е претворена во бледа копија на кампањите на ВМРО ДПМНЕ под раководство на Груевски. Организирањето на трибини со говори беа секојдневие во едно не така далечно минато и имаа за цел да го чуваат стравот на „лидерот“. За разлика од тие трибини овие изобилуваат со омраза, невкусни коментари и гестикулации, кои и не доликуваат на однесување на еден премиер на држава. СДСМ и Заев мора да сфатат, дека надвор од нивните бизниси и рекети, граѓанит имаат секојдневни проблеми за кои се потребни системски решенија, а не ефтин политичи театер и пропаганда“ – вели Самоил Малчевски, челен на Вмро-Дпмне но од реформаторското крило штос е залага з апромени во партијата. Малчевски вели дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ донесе разочарување кај нејзиното гласачко тело.
„Што се однесува до ВМРО ДПМНЕ, во овој момент партијата води умерена теренска кампања во која се обидува да се доближи до секојдневните проблеми на граѓаните. Но главна грешка на ВМРО ДПМНЕ е што не промовира луѓе, експерти, кои ќе бидат носители на изборната победа, а потоа и според нив обновата на Македонија. Доколку партиското раководство сака да ја добие довербата на граѓаните, треба да делува во неколку насоки. Најпрво мора да се дистанцира од лошите политики на претходното раководство и од дел од кадрите кои сеуште се во партиските тела, а кои бие дел од тие лоши политики или ги спроведуваа“, оценува Малчевски.
Она што е заедничко речиси за сите поголеми партии и од владеачкиот и опозицискиот блок е тоа дека ќе треба да се соочат со разочарано гласачко тело на кое му се подготвува нов „надуван балон на ветувања“.
„Како поинаку може да се толкуваат пораките кои доаѓаат од сегашната најголема опозициска партија, за некаква си ревизија на Договорот од Преспа, а потоа и на Уставот (АКО освојат 80 пратенички места во Собранието), по рецептот на довчерашната опозиција во Грција, која откако дојде на власт ја смени реториката и ја прифати реалноста и Договорот. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ не успева да види дека неопределените гласачи им треба јасна порака дека партијата ги научила лекциите и расчистила со грешките и скандалите од своето претходно владеење. Наместо тоа, тие се обидуваат и понатаму да го „дуваат балонот“ раскажувајќи приказни за некаков си економски бум во првите 100 дена од владеењето, иако на сите разумни луѓе, какви што се неопределените гласачи, им е јасно дека за економски развој не се постигнува со „чуда“, туку со темелни реформи на правосудството, администрацијата, образованието“ – смета Пачемски и додава:
„Изгледа ниту актуелните владејачки партии не ја научиле лекцијата. Наместо да ги „засукаат ракавите“ и да ги натераат нивните раководни луѓе, распоредени по институциите на локално и национално ниво, навистина да почнат многу поенергично и посериозно да го остваруваат ветеното од минатите изборни циклуси, тие одлучија, барем засега, да се фалат со некакви си успеси и да нѐ храбрат дека сме биле на правиот пат. Во услови кога Патот, барем засега, изгледа многу замагленo, актуелните владејачки партии ќе треба да почнат да ја менуваат комуникацијата, преку пораки и начин на однесување кои ќе им даде на гласачите, особено на неопределените, појасна перспектива за иднината“.
Математички, од првите избори во самостојна и независна Македонија, во земјава се спроведуваат изборни циклуси ( паралментарни редовни и предвремени, локални и претседателски) речиси на 1,5 години а само од 2016 та заклучно со следната 2020 та, во земјава секоја календарска година се спроведува по еден изборен циклус, вклучувајќи го Референдумот.
Анализа на Порталб