Анализа: Без излезност, ДУИ со 31 авион до победа во Кичево

Од:

Наспроти создадената клима за промена на етничкиот баланс, кој се очекува со спојување на Општина Кичево со општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј, според пресметката на резултатите од локалните избори во 2009 година, мали се изгледите за влијание врз изборните резултати. При мала излезност на албанските гласачи (33.9%), ДУИ како најголема албанска партија во 2009 освои само 60% од гласовите во сите пет општини, додека во Општина Кичево немаше свој кандидат.

Со приближување на локалните избори, прашањето на спојуваните општини добива на значење во медиумите и политичките партии, поставувајќи го очекувањето дека проширената Општина Кичево со четирите соседни општини ќе добие градоначалник-албанец. Како и во струшкиот случај, и овој пат победата се гледа од етнички аспект – како ќе биде „изгубена” од македонците и „добиена” од албанците, притоа користејќи се од двете етнички групи и партиите на власт и опозиција. Конечно, оваа тема беше поставена како клучна во партиската посета на раководството на Демократската Унија на Интеграција во Швајцарија, Австрија, Германија и Италија, каде делегацијата раководена од Али Ахмети имаше неколку состаноци со претставниците на дијаспората, стои во анализата на Либерта институтот.

На локалните избори од 2009 година во наведените општини (Кичево комбинирана со Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј) излегле вкупно 24.502 гласачи, од кои 14.544 македонци и 8.309 албанци. Комбинирајќи го бројот на гласачите кои излегле на гласање, излезноста во општините со албанско мнозинство е далеку помала. Зајас и Осломеј имаат излезност под 40%, додека општините со македонско мнозинство имаат 64% односно 71%.

Од сите албански гласови комбинирани во петте општини, ДУИ освоила 60% од албанските гласови, што ја отежнува конечната победа. Дури и во Зајас, 27% од гласачите гласале за другите албански партии – не за ДУИ. Притоа, излезноста во општините каде ДУИ имала свој кандидат е далеку помала во споредба со другите.

Под услов да се комбинираат сите албански гласови од локалните избори 2009, етничката разлика е  6.235 помалку гласови за албанците. Балансот би се постигнал преку поголема излезност на гласачите и ангажирање сите да гласаат за единствениот албански кандидат, под услов да има таков. Втората опција е балансот да се постигне преку посветеноста на дијаспората, што во практика значи дека се потребни 6.235 за етнички баланс на гласовите (преведени во транспортни средства – 31 авион или 125 автобуси полни со гласачи со право на глас и политика посветеност).

Наспроти создадената клима за промена на етничкиот баланс на населението, наведените заклучоци покажуваат дека мали се изгледите за влијание врз изборните резултати. Без оглед на политичката кампања во дијаспората и медиумското покритие, според резултатите од локалните избори во 2009 година, објективно може да се очекува дека етничката промена на раководството во Кичево е малку веројатно. Истовремено, на ДУИ како водечка партија првенствено и е потребно обезбедување на партиски баланс за својата победа, пишува во анализата на Либертас институтот.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов