АМСМ: Попладне поголема фрекфенција на патиштата

Од:

Поради очекуваната зголемена фреквенција на возила денеска во попладневните часови, сообраќајот на патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село ќе се одвива во две коловозни ленти и ќе биде регулиран од страна на полицијата, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет поради празничните денови. Поради поголема фреквенција на движење што се очекува за во попладневните часови, АМСМ препорачува да се користат и други патни правци освен вообичаените.
На граничните премини можни се подолготрајни задржувања од вообичаеното време за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.

Патниот правец Р-504 Ресен – Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.
Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он