Американскиот универзитет на Европа-ФОН му додели титула „Doctor Honoris Causa“ на европратеникот Илхан Ќучук

Од:

Американскиот универзитет на Европа-ФОН, денеска на свечена церемонија му додели титула почесен доктор или „Doctor Honoris Causa“ на г-дин Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија. На свеченоста по повод доделувањето на титулата „почесен доктор“ на европратеникот Илхан Ќучук присуствуваа бројни гости, министри, амбасадори и претставници од државниот врв, меѓу кои и премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петрова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Бујар Османи министер за надворешни работи, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Ко-сопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски пред присутните гости честитајќи му ја титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук истакна дека ова признание му се доделува на млад човек којшто со својот потенцијал секојдневно ги покажува европските вредности. Според Цаноски, Ќучук е пример како треба да се размислува колективно за доброто на сите.
„Емпатијата, работата и секојдневниот труд кој го вложува во својата кариера, поттикната со искреност, отвореност дури во едно тешко време на предизвици, покажува дека се вистински вредности кои секогаш излегуваат на површина“, истакна во своето обраќање сопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски.

Претседателот на Сенатот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Насер Етеми во своето образложение пред присутните гости образложи дека титулата почесен доктор му се доделува на европратеникот Ќучук за неговиот придонес во развојот на научната мисла, културата и високото образование, како и за помошта во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.

„Како европратеник, г-динот Ќучук има значаен придонес за промоција на АУЕ-ФОН во Европски рамки. На негова иницијатива, во јануари 2022 година на нашиот универзитет се одржа првата конференција „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, со цел преку граѓанска иницијатива и низ серија конференции за соработка во областа на образованието, културата и младите, да се надминат разликите и да се приближат двата народи и држави. Со негова поддршка, АУЕ – ФОН и наставниот кадар се етаблираа и остварија значајни меѓународни соработки, особено со универзитетите од соседна Бугарија. Илхан Ќучук е продуктивна, почитувана и влијателна личност која со своите активности, не само што значително помага во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, туку помага за интернационализацијата и европеизацијата и развој на македонската академска и граѓанска заедница“, изјави претседателот на Сенатот на АУЕ-ФОН, проф. д-р Насер Етеми.

Изразувајќи благодарност до Американскиот универзитет на Европа – ФОН и до сопственикот Сефер Цаноски за честа да му биде доделена титулата Doctor Honoris Causа, Илхан Ќучук истакна дека тоа е признание не само за него како политичар и граѓанин, туку и за партиите од либералното семејство кои ги застапува и за кои образованието е највисока вредност во современиот свет.

„Образованието му дава напредок и развој на секое општество. Образованието е средство за зближување на луѓето, за поврзување на општествата. Образованието ја дава визијата на една земја. И иновативното, модерно и квалитетно образование од светска класа што Американскиот универзитет на Европа – ФОН го нуди на своите дипломци е гаранција дека Република Северна Македонија самоуверено го следи патот на вредностите што ќе ја направат дел од евроатлантскиот светот. Како постојан известувач на Европскиот парламент, го прифатив како моја кауза, правото на Република Северна Македонија целосно самостојно да го брани своето вистинско место во Европа, да бара нови партнерства и пријателства. И верувам дека со помош на Бугарија нема да биде далеку времето кога знамето на Северна Македонија ќе се вее во Брисел, покрај знамето на земјите-членки на ЕУ. Северна Македонија го избра патот да изгради мултиетничко општество во кое сите коегзистираат“, истакна пред присутните гости во своето обраќање европратеникот Илхан Ќучук.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Џафери – Ќучук: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Северна Македонија

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Ќучук: Без промена на уставот, Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на патот кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот