Американскиот Стејт департмент ја поддржува работата на Џес Бејли

Од:

Вршителот на должност портпарол во американскиот Стејт департмент Марк Тонер изјави дека Стејт департментот ја поддржува работата на амбасадорот Џес Бејли, се вели во одговорот на прашањето на Гласот на Америка на македонски, по шпекулациите во некои медиуми дека амбасадата во Скопје не зборува од името на администрацијата на САД.

„Американската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино”, изјави Тонер.

Недоразбирањата беа откако ВМРО-ДПМНЕ од амбасадорот на САД побара да ги коментира последните политички настани кои се однесуваат на напорите за формирање влада.

Тонер потврди дека насоките за амбасадарот Бејли и неговиот тим се да „работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општество за унапредување на американската политика и целите на САД”, додавајќи дека Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија.

Вршителот на должност портпарол во американскиот Стејт департмент нагласи дека САД како пријатели на Македонија силно ги поттикнуваат сите страни да го почитуваат владеењето на правото, демократските процеси и меѓународните обврски на Македонија.

„Ние сакаме да видиме силна Македонија, на патот кон станување членка на евро-атлантското семејство“, рече Марк Тонер за Гласот на Америка на македонски.

Би можело да ве интересира

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски

Пресвртен ден во Европа, Минхен под опсада – CNN: „Дојде часот, а прашината сè уште не е слегната“

Маск e во паника: Америка 1.000 проценти ќе банкротира