Американска амбасада: Какви предлози имате за почист воздух во Македонија?

Од:

Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ профил изразија загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје.

– Загадувањето на воздухот во Скопје беше толку големо што не можеше да се види ни амбасадата. Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?, стои во објавата на Твитер.

Загадувањето во главниот град во последниве 24 часа е екстремно високо, а Скопје според загаденоста е на првото место во светот, пред Калкута во Индија и Дака во Бангладеш.

Вечерва во Центар беа измерени 454 микгрограми ПМ 10-честички на кубен метар, во Карпош бројката изнесуваше 563, Лисиче 455, Гази Баба 562 и кај Ректоратот беа измерени највисоки 638 микограми на кубен метар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он