Пратеникот Амди Бајрам, дел од коалицијата на СДСМ вели дека Законот за јазици е уставно неуставен, но сепак треба да се изгласа без одолговлекувања. Бајрам додава дека така е зацртано и така треба да биде, а тој немал ништо против.
„Не треба да се одолговлекува. Не е некоја голема работа доколку Законот за јазици се изгласа, а нема ниту пречка за тоа. Јас го оценувам законот за уставно неуставен. Надворешниот фактор не притиска, ако сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО, мора да се придржуваме кон тоа што тие ќе го кажат. Народот е ставен во психоза, не можеме да просперираме напред без да ги завршиме овие работи“, вели пратеникот Амди Бајрам за „Макфакс“.
Амди Бајрам беше единствениот пратеник во собраниските клупи кој чекаше еден и пол час за да почне седницата, а потоа таа беше одложена.
К.Л.