(ВИДЕО) Амди Бајрам ги „поздрави“ поддржувачите на опозицијата со среден прст

Од:

Пратеникот од владејачката коалиција Амди Бајрам, недолично ги навреди насобраните граѓани. Додека поминуваше покрај приврзаниците на власта со крената рака викна – „Ќе ги победиме“, но кога се приближи до оние коишто ја поддржуваат опозицијата, која што го исвирка, на вулгарен начин ја крена раката и им покажа среден прст.

Народот револтирано извикуваше „Уаа лопови“.

Амди Бајрам потоа со гордо крената глава се упати кон Законодавниот дом.

Во меѓувреме, полицијата успешно ги раздвојува двете групи, но на сите страни освен пластични шишиња и камења, лета и овошје и зеленчук.

Досега е повреден еден 70-годишен човек, припадник на опозицијата, од камен фрлен од другата страна.

Поддржувач на власта, влета и одзема државно знаме и го запали.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска