Амбасадорот Волерс: Граѓаните на Македонија немаат поголем пријател од САД

Од:

Граѓаните на Македонија го сакаат она што сите го сакаат: посилно, побезбедно и попросперитетно општество. Сакам да знаат дека додека работат во насока на остварување на тие цели, уште од независноста на земјата, тие немаат и немале поголем пријател од САД.

Ова е пораката што ја упати амбасадорот на САД во Република Македонија  Пол Волерс, во обраќањето на приемот по повод 237-та годишнината од независноста на Америка, на кој присуствуваа околу 1.200 гости.

– Како што веќе сум кажал, нашето пријателство не е површно. Вие сте биле наши партнери на опасни места, како во Ирак и во Авганистан, заради остварување зеднички цели. Ние сме биле со вас кога не било лесно.

– САД ги поддржуваат граѓаните на Македонија заради тоа што ги споделуваме вашите цели и соништа, како што беше во 1991 година, која ја поддржавме вашата независност, во 1993 и во 1994, кога работевме за да ги заштитиме вашите граници, во 1998 кога помогнавме во преговорите да се стави крај на економското ембарго, во 2001 кога помогнавме да се стави крај на конфликтот. Во 2004 кога ве признавме под вашето уставно име и во 2008 година кога воопшто не беше лесно, но претседателот на САД се бореше за вас до последниот момент на Самитот на НАТО во Букурешт, рече амбасадорот Волерс.

Тој нагласи дека продолжува поддршката од САД и како што рече, има и пречки и разочарувања, но, истакна, успехот ќе дојде и САД ќе бидат со вас.

– Не сакаме ништо повеќе од тоа да ја видиме Македонија да успее како мирна, теолерантна, просперитетна и безбедна земја – членка на Евро-атлантската заедница, потенцира Волерс, пред многубрјните гости, меѓу кои претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, министри, пратеници, амбасадори, бизнисмени, претставници на верските заедници.

Амбасадорот Волерс оцени дека храброста и лидерството ќе ги надвладеат сегашните предизвици што стојат на патот, како што беше случај, подвлече, со мојата земја пред 237 години.

– Сум сретнал многу луѓе во оваа земја и знам дека тие квалитети се тука, на толку многу места и знам дека ќе успеете, рече меѓу другото амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов