Амбасадорот на Италија во посета на Штипскиот универзитет

Од:

Искрено се надевам дека оваа долга политичка криза ќе се заврши, пред се, заради граѓаните, затоа што тоа го заслужуваат изјави амабасадорот на Италија во Република Македонија Карло Ромео при денешната посета на Филилошкиот факултет и средбата со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Блажо Боев.

– Дознавме дека Прретседателот на Репеблика Македонија го доделил мандатот на Зоран Заев и се надеваме дека новата влада ќе работи во насока на подобрување на политичката ситуација, на воведување на реформи кои што ќе доведат до интеграција на Македонија во Европската унија, рече Ромео.

Амбасадорот Ромео денеска присуствуваше на предавања кои ги реализираа италијански универзитетски професори пред студентите на Филилошкиот факултет. Ректорот на УГД-Штип, Боев забележа дека соработката со италијанската амбасада, но и со универзитетите во Италија е одлична и се надева дека во иднина ќе имаат нови проекти.

– Разговаравме за можностите за постојано присуство на професор по италијански јазик на нашиот Универзитет. Од друга страна разговараме за можноста за заедничките дипломи кои ги правиме со некои универзитети во Италија и сега се во процес на акредитација некои од нашите програми заедно со италијанските универзитети. Од амбасадорот добивме искрено ветување дека ќе ни помогне во сите активности кои се однесуваат на развојот на Универзитетот, рече Боев.

На Филилошкиот факултет во Штип има група италијански јазик и книженост, а од страна на студентите има голем интерес за запишување. Но, минатата година Минситерството за обраозвание и наука ја стави во мирување. Амбасадорот Ромео истакна дека токму за овој проблем ќе се заложи кај централната власт за да повторно се запишуваат студенти во прва година во групата за италијански јазик и книжевност на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Би можело да ве интересира

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Италијанската полиција го фатила Хрватот што уби кондуктер, па го пуштила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хаос во Италија: Рим под вода, затворени патишта, вклучени аларми

(ВИДЕО) Голема потера во Италија: Хрват уби кондуктер со нож и избега со воз

Предраг Петровиќ