Амбасадорот Гарет на проштална средба со министерот Димитров

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Чарлс Гарет.

Димитров ја истакна значајната улога на амбасадорот Гарет во развивањето на билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Исто така, тој ја нагласи неговата професионалност и лична посветеност беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области, од највисоките политички прашања како што се ЕУ и НАТО интеграцијата, па се’ до поддршка на реформите во македонската администрација, образованието, во правосудниот систем, демократијата и социјалната кохезија, како и реформи во безбедносниот систем, соопшти макеоднското МНР.

Истакнувајќи дека Македонија длабоко ја цени поддршката од британската Влада и од сите политички актери во земјата, Димитров се заблагодари за искреното пријателство и посветениот ангажман на амбасадорот Гарет за време на неговиот четиригодишен мандат во Скопје.

Посакувајќи му среќа и успех во натамошната дипломатска кариера, Димитров истакна дека испраќаме драг пријател на Македонија, и се надеваме дека Обединетото Кралство ќе продолжи да биде силен поддржувач на Македонија во нашите стратешки евро-атлантски определби.

На средбата Димитров му врачи благодарница на амбасадорот Гарет за неговата неуморна работа во промовирање на британско-македонското пријателство и соработката меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација