Амбасадорот Џес Бејли ја посети општина Битола

Од:

Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли денеска ја посети општина Битола и оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска, која ги претстави потенцијалите на градот, развојот на туризмот, индустријата, малите и средните бизниси и инфраструктурата.

– Битола има големи потенцијали кои, за жал, се уште не се искористени, но во нив има голем простор за подобрување и инвестирање. Може да се инвестира во Националниот парк „Пелистер“, како и други мерки кои може да се преземат за младите луѓе да останат во Битола, нагласи Петровска.

Престојот на амбасадорот Бејли во Битола беше во рамки на активностите и организацијата на првиот Саем на креативци на Балканот, кој од денеска до 20 мај се одржува во Битола, со учество на 20 креативни организации од Македонија.

Настанот е собир на технолошки ентузијасти, занаетчии, наставници, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти и луѓе од бизнисот од сите возрасти. Беше збогатен со практични демонстрации и работилници за 3Д-печатари, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките