Амбасадорот Дане Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Од:

Амбасадорот Дане Талески денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со што и официјално започна неговиот мандат како прв постојан претставник на Северна Македонија во НАТО откако земјава на 27 март лани стана полноправна членка на Алијансата.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот, по што следуваше состанок на амбасадорот Талески со генералниот секретар Столтенберг.

– Членството во НАТО на Северна Македонија е реализација на стратешка цел и реализација на еден од најважните надворешно-политички приоритети на државата што придонесе кон подобрување на стабилноста и безбедноста на државата, со позитивни импликации на целиот регион. Членството во НАТО е суверена одлука на Република Северна Македонија зацртана со едногласна одлука на Собранието во 1993, за која што секогаш постоел широк и силен меѓуетнички и надпартиски консензус, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи. бак/нд/

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија