Амбасадорот Бејли го вклучи системот „капка по капка“ на полињата со пченка кај Чашка

Од:

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и заменик-амбасадорката на Швајцарија Катарина Штокер, денеска на поле со пченка кај населбата Чашка го вклучија системот „капка по капка“ на земјоделецот Игор Јанкуловски. На настанот присуствуваа и градоначалиците од Вардарскиот регион и градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси кофинансиран од Владата на Швајцарија го одбележува проширувањето на иницијативата „Да одгледаме повеќе пченка„.

Како што појаснуваат за медиумите од УСАИД преку оваа иницијатива годинава се донираат 160 системи за наводнување и воедно ѓубрење на почвата преку системот капка по капка за одгледување на пченка и сончоглед.

Како што потенцира за медиумите амбасадорот Бејли системите „капкапо капка“ ќе бидат од корист за производителите на пченка, но и за млекопроизводната индустрија.

– Ги повикуваме земјоделците и млекопреработувачите да ни се придружат во трансформирањето на производството на пченка и млеко во Македонија преку инвестирање во нова технологија и преку едукација за најдобрите земјоделски практики ,потенцира Бејли.

Тој воедно оцени дека со континуирана поддрша од нивните партери Министертсвото за земјоделство, Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството и млекопреработувачите-производството на пченка и млеко во Македонија ќе стане попрофитабилен бизнис

Министерот Цветков за медиумите изјави дека придобивките од овој систем ќе го имаат земјоделците кои ќе се приклучат кон него, а добро е тоа што се повеќе земјоделци во Македонија се заинтерсирани да го воведат во своето производство

– Ние преку дополнителни средства ги финансираме ваквите проекти за кои годинава имаме 44 апликанти, а имаме и дополнителни средства кои земјоделците можат да ги искористат. Заинтересираноста е поради тоа што со овој систем три до четири пати се зголемува производството на пченка и сончоглед во однос на оние земјоделци, а кои не го користат ваквиот систем за наводнување и прихранување со ѓубрива, потенцира министерот Цветков.

Земјоделецот Игор Јанкуловски на чие поле денеска беше пуштен овој систем искажа благодарност до УСАИД и Министерството за земјоделство кој му овозожија да се вклучи во овој систем „капка по капка“ за почеток на дел од вкупно 30 хектари, а потоа и на останатите хектари,а за што очекува поддршка преку програмата 50:50 за рурален развој. Лани имал приноси 8-9 до десет тона пченка од хектар,а годинава со новиот систем, очекува да има приноси до 15 тони од хектар.

Како што рече Димче Дамјановски специјалист за регионално планирање и развој вкучен во проектт на УСАИД во 2013 година имало 40 земјоделци од два региони во земјава опфатени со овој проект. Во 2014 година со овој проект е вклучен и Вардарскиот регион, Североисточниот и останатите Полог и Пелагонија.

– Во Вардарскиот регион лани имавме 15 хектари, во Севороисточниот 15 хектари, во Полошкиот 15 хектари и во Пелагонија 35 хектари. Годинава се зголемени и бројот на системи „капка по капка“ на 160 системи,од кои за Вардарскиот регион се 45 од кои 15 системи се за сончоглед и 30 системи за пченка. Интересот на земјоделците секоја година е се поголем, бидејќи им се намалуваат трошоците, а се зголемуваат приносите и за три до четири пати , потенцира Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава

Во Чашка трет ден блокади поради отворање на паралелка на албански јазик

Горан Наумовски

Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

Горан Наумовски

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Едни протестираа, а со други родители од училиштето во Чашка министерот Шаќири имаше средба

Предраг Петровиќ