Амбасадорката на САД во посета на Врховниот суд: Судството не смее да биде под притисок на политиката

Од:

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.

На средбата на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството.

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство.

На средбата беше речено дека судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите.

Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности.

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер, истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе назначи нов американски амбасадор во Македонија

Горан Наумовски

Повторно контра министерството-Директорот на ЦСР Охрид доставил мислење иако центарот не бил надлежен

Предраг Петровиќ

Коментарите ви се неаргументирани и паушални – судиите му одговорија на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

А1он

Поништена пресудата со која на мајката Невена и беше одземено детето, Врховниот суд контра корумпираното судство

Предраг Петровиќ

Врховниот суд пред одлука: дали ќе има правда за Невена Спасеска

Предраг Петровиќ