Мигрантската криза и можните импликации во однос на актуелната состојба во Европа по однос на ова прашање беше една од темите на кои денеска разговараа градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и амбасадорот на Србија Душанка Дивјак Томиќ, која денеска ја посети општина Куманово.
– Сега сме исправени пред големи предизвици.Разговорот се движеше во насока какви се можните импликаци, што би се случувало понатаму и да бидеме во една подготвена состојба, бидејќи времињата се неочекувани и се можни разни варијанти кои можат да се случат во однос на овој процес. Добив корисни информации од искусниот дипломат, рече Дамјановски.
Амбасадорката Дивјак-Томиќ изјави дека сме должни на мигрантите да им пружиме неопходна хуманитарна помош, да ги регистрираме, иако нивна крајна одредница, не е ниту Македонија, ниту Србија, туку пред се Германија, Австрија и некои други северни држави.
Дамјановски и Дивјак-Томиќ разговарале и за исклучително добрите односи меѓу двете пријателски земји и за односот и соработката помеѓу поедини општини и градови.