Aмбасадорката Агелер ја поздрави транспарентната работа на Општина Центар

Од:

Амбасадорката на Соединетите Американски држави Ангела Агелер вчера беше во посета на Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски и притоа ја поздрави транспарентноста и проектите за социјална заштита на пензионерите и лицата од социјално ранливите семејства.

„Општина Центар е на второ место по транспарентност во државата. Наша цел е да ја подигнеме транспарентноста на уште повисоко ниво. Навистина сме посветени на градење близок и отворен пристап со граѓаните и затоа редовно одржуваме отворени денови со граѓаните, каде покрај мене како градоначалник на прашањата одговараат и стручните служби и раководители на секторите“, образложи Герасимовски.

Тој исто така зборуваше и за социјалните проекти кои се важни за социјално ранливите семејства и повозрасните граѓани на општината.

„Активни се низа социјални проекти во Општина Центар меѓу кои обезбедување лични асистенти за учениците и за време на летниот распуст кога не се на училиште, грижа во домот за стари лица каде пензионерите добиваат нега во своите домови. Во соработка со невладините организации обезбедуваме хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства, децата во малите групни домови и примателите на социјална помош. Наскоро отпочнуваме и со проект за нега на лицата постари од 60 години кои боледуваат од Алцхајмерова болест. Преку овој проект обезбедуваме 24 часовна нега и згрижување во времетраење од 15 дена и други. Општина Центар и во иднина продолжуваме да бидеме најголем партнер на граѓаните“, појасни Герасимовски.

Меѓу овие проекти Герасимовски на Агелер ја запознал и со новоформираното претпријатие за продажба и производство на струја, за големите акции за чистење за што доби силна поддршка од амбасадорката на Сад во земјава.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски