Амбасадорите на Јапонија и Монголија ќе ги предадат акредитивните писма

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Јапонија и Монголија во Република Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ, во 11 часот во Вила Водно акредитивните писма на шефот на државата ќе му ги предаде Кеико Ханеда, новоименуван амбасадор на Јапонија во Република Македонија.

Во 12 часот акредитивните писма на Иванов ќе му ги предаде Дашјамц Батсаикхан, новоименуван амбасадор на Монголија во Република Македонија, со седиште во Софија.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски