Амбасада на САД: Разумни се барањата на СЈО за поддршка на темелна истрага

Од:

Американската амбасада во Скопје реагираше на денешната собраниска седница на која владејачкото мнозинство ги одби барањата за измени на законите со кои СЈО би добиле продолжување на рокот за работа, како и измена на законот за заштитени сведоци.

„Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите. Воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран