А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„АМАН“: Дали Синдикатот ги подржува поскапувањата?

by А1он10/09/2012 - 14:52373
Share0

„Го закажавме пресот кај спомен куќата на Мајка Тереза за да им покажеме на луѓето каде можат да ни се придружат доколку сакаат да се вклучат и да помогнат околу протестите против поскапувањето на парното, струјата и бензините. Добродојдени се сите оние добронамерни, без разлика на етничката, верската или партиската припадност, кои сакаат да учествуваат во организација на протестите и имаат идеја како можат да помогнат.  Оваа прилика ќе ја искористиме повторно да побараме од ССМ, КСС, УНАСМ да ги подржат овие протести за доброто на работниците. Доколку не ги подржуваат нека излезат јавно и нека ја кажат причината“, велат од „АМАН“.
Прашуваат, дали Живко Митревски, инаку претседател и на гранковиот синдикат на шумарите, смета дека овие поскапувања не ги допираат шумарите, дали претседателот на гранковиот синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, Анѓелко Анѓелковски, смета дека текстилците, кои се едни од најниско платените работници, можат да преживеат со сите овие поскапувања, дали претседателот на гранковиот синдикат на рударството, Пеце Ристевски, смета дека рударите се способни да ги платат уште повисоките сметки за парно греење, дали претседателот на синдикатот на градежниците, Павел Трендафилов, смета дека градежниците, кои се едни од најсурово експлоатираните работници, имаат доволно високи плати за да ги издржат овие поскапувања,чии интереси штити Роберт Симоноски, претседател на синдикатот за енергетика и стопанство, интересите на ЕВН или на вработените во ЕВН и нивните семејства,дали претседателката на синдикатот на трговските работници, Мирјана Хаџи Скендева, смета дека трговците се задоволни од поскапувањата на горивата и електричната енергија?

Добивај вести на вибер

АМАН бара сите гранкови синдикати да се изјаснат во врска со протестите против поскапувањата.

Повикаа утре на мирен протест во 18ч пред ‘‘Триумфалната порта‘‘, да дојдат сите на протест против скапата струја, парно тои бензините. Само со мирни но масовни протести можеме да ги натераме да ги намалат цените, велат од АМАН.

amanprotestregulatorna

Би можело да ве интересира

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

Предраг Петровиќ24/05/2025 - 18:48

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ17/05/2025 - 19:3218/05/2025 - 07:44

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Предраг Петровиќ14/05/2025 - 20:53

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Предраг Петровиќ14/05/2025 - 18:13

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Катерина Ѓуровски07/05/2025 - 10:41

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски07/05/2025 - 10:3007/05/2025 - 10:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен