Алтернатива начелно влегува во Влада, се договараат кадровски решенија

Од:

По средбата на премиерот Зоран Заев со Африм Гаши, владината служба за односи со јавност преку соопштение информираше дека била постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.

„Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт“, велат од Владата.

Тие најавуваат дека во деновите што следат, ќе продолжат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу премиерот Заев и претседателот на Алтернатива, Гаши со нивните тимови.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Ставот на Гаши за пресудата за лидерите на ОВК бил личен, вели има право на тоа

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски