Емисијата на Васко Ефтов „Во Центар“ е тргната од програмата на телевизијата Алсат-М. На својот ФБ главниот уредник на телевизијата, Мухамед Зекири напиша:
„Колку за информација, емисијата „Во Центар“ со автор на кој од хигиенски причини не сакам да му го споменам името повеќе нема да се емитува на Алсат-М. Емисијата и до сега беше надворешен проект и не беше во продукција на Алсат М и никогаш не беше поддржана од уредувачката политика на ТВ Алсат-М“.