„Алкалоид“ со донација од девет апарати за хемодијализа во пет здравствени установи

Од:

„Алкалоид АД – Скопје“ донираше девет апарати за хемодијализа во пет здравствени установи во Македонија. По два апарати за хемодијализа добија општите болници во Прилеп и Струмица, како и Здравствениот дом во Делчево и Клиничката болница во Штип, а апарат за хемодијализа доби и Општата болница во Гевгелија.

– Преку оваа донација сакаме барем малку да го олесниме процесот на лекување на пациентите кои одат на хемодијализа, да придонесеме за нивно поквалитетно лекување и поголема достапност на нивната терапија, се наведува во соопштението од „Алкалоид АД – Скопје“.

Бројот на бубрежно-болните во Република Македонија, како што се наведува, воопшто не е мал, а некои пациенти на хемодијализа регистрирани во центрите каде сега се донирани апаратите, мораа да патуваат во соседните градови за го добијат соодветниот третман.

Апаратите за хемодијализа се набавени од компанијата „Фрезениус“ по доста поволни цени благодарение на долгогодишната соработка која „Алкалоид АД – Скопје“ ја има со оваа реномирана компанија и се од типот 4008Н. Редовната цена на чинење на еден апарат се движи меѓу 10.000 до 12.000 евра.

Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација и како компанија која секогаш на прво место го става здравјето на луѓето и редовно помага на оние на кои тоа им е најпотребно, ваквите заложби и акции на „Алкалоид АД – Скопје“ ќе продолжат и во иднина, стои во соопштението од компанијата.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот