Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Од:

По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.

– Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира, изјави Алиу.

Претходно на 24 февруари, министерот Алиу на прес-конференција информираше дека на шест компании се одземени лиценците, а од кои четири фирми се дел од скандалот со шверцот на марихуана.

– Недостатоци има од различни аспекти – од административна гледна точка, од инфраструктурна гледна точка, од технолошка гледна точка, од човечки капацитети. Во некои од нив, внатрешната инфраструктура за следење, камерите не работат. Во дел од нив нема човечки капацитети, а во дел нема обезбедување. Засилените вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно, вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица“, изјави на 24 февруари министерот за здравство, Азир Алиу.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има отворено истрага за шест лица поврзани со петте тони марихуана, кои беа пронајдени во Коњух, а излегле од Македонија преку граничниот премин „Табановце“. Првоосомничен е ко-сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана