Алиу: Новиот закон го уредува пушењето на отворени места каде се движат многу граѓани

Од:

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.

Според Алиу, на јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот, вели Алиу, интервенира само таму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите.

-Посебен акцент е ставен нa локациите каде луѓето не можат реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како на пример, при чекање во ред, простори на отворено каде се престојува подолго и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето кои чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не можат да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население, вели Алиу.

Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, посебно е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како на пример пред детските игротеки, каде најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.

– Отворен простор не значи автоматски безбеден простор, доколку истиот е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа, ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите, појаснува министерот Алиу.

Би можело да ве интересира

Европски примери што предупредуваат: Кога забраните за тутунски и никотински производи не функционираат

Катерина Ѓуровски

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови

Ригорозните мерки од Законот за пушење ги ставаат малите дуќани под закана од затворање

А1он

Алиу: Примарната цел на законот за пушење не е да казнува, туку да превенира

А1он

Стапката на пушење останува висока – дали рестриктивниот пристап дава резултат?

Горан Наумовски

Алиу: Бизнисите нема да се затворат заради законот за пушење, локалите нека обезбедат простор

Катерина Ѓуровски