Алими: Слободна економска зона во Липково, илјадници нови работни места

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ДУИ во Изборна единица 2 Ејуп Алими денеска најави изградба на нова економска зона во општина Липково за намалување на невработеноста и поттикнување на малите и средните бизниси.

Овој проект, порача Алими од Липково, значи отворање илјадници работни места во приватниот сектор за жителите околу зоната.

– Со отворањето на економската зона во Липково ќе се создадат илјадници нови работни места. Ова не е прва зона и за бизнисите, зашто досега се отворија тетовската, кичевската и струшката. Оваа економска зона ќе придонесе за сите околни населени места, зашто ќе отвори нови можности и за бизнисите од зоната, истакна Алими.

Според него, ДУИ смета дека економската рамноправност е суштинска и затоа планира градење зона во Липково со цел и на овој регион да му се подигне стандардот, како економскиот, така и социјалниот.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански