Алијансата за Албанците: ИВЗ му припаѓа на народот и не е алатка на партиите

Од:

Исламската верска заедница е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа Заедница, реагира Алијанса за Албанците во врска со последните случувања во ИВЗ.

„Поглаварот на ИВЗ со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели“, се вели во соопштението.

Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме, велат од АА, дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.

„Многу се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на било која политичка партија која се обидува да го ‘командува и Бога’“, велат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски