Алијансата за Албанците до Спасовски и Нухиу: Кој е инспекторот што продава дрога?

Од:

Алијансата за Албанците изрази загриженост поради недостиг на информации од страна на МВР, а во врска со случајот со автомобилот на инспектор со кој се превезувале наркотични средства.

„Дури и по повеќе од една недела, надлежните органи не даваат појаснувања какви правни мерки се преземени од страна на внатрешната контрола во рамките на МВР во врска со споменатиот случај. Кој е инспекторот чие што возила го користеле за транспорт и продажба на наркотици и какви мерки беа преземени против него како припадник на МВР? Алијансата за Албанците перманетно ги осудува ваквите случаи и бара одговорност од органите на редот и обвинителството, но јавноста сè уште нема добиено никакво службено објаснување.

Нашите дилеми и сомневања се засноваат на фактот дека недостатокот на транспарентност во овој случај е резултат на политичкиот притисок од страна на ДУИ, засновано врз неофицијални извештаи пласирани во медиумите дека возилото со кое се превезулаве и продавале наркотиците е во сопственост на партиски функционер на ДУИ од Гостивар.

Бараме од министерот Оливер Спасовски и зам.министерот Агим Нухиу одговорат какви мерки се преземени од страна на Министерството кон нивниот припадник и во која фаза на постапка се наоѓа соодветниот предмет?“, велат од Алијансата преку соопштение.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски