Алијанса за позитивна Македонија: Изборите фер и демократски

Од:

„Алијансата за позитивна Македонија, смета дека целиот изборен процес на двата круга на локалните избори во Република Македонија, се спроведе во фер, мирна и демократска атмосфера, со почитување на Уставот, законите и меѓународните стандарди кои се предвидени за државите што се дел на Евро – Атланските сојузи. Со тоа граѓаните на Република Македонија, консензуално покажаа дека сакаат Македонија што поскоро стане член на НАТО и Европската Унија.

Токму поради тоа, новоизбраните градоначалници и членови на советите на општините во овој мандат, имаат историска задача да своите општини ги подигнат на ниво на локални самоуправи што ќе ги исполнуваат меѓународните стандарди на современ сервис на граѓаните.

Алијансата за позитивна Македонија на сите избрани градоначалници и членови на советите на локалните самоуправи, им ја честита победата и им посакува успешен мандат со високи резултати и големи успеси“, се вели во соопштението на Алијанса за позитивна Македонија.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори