Алијанса за Албанците: Заев не покажа смелост да се ослободи од партиските ганстери

Од:

Алијансата за Албанците постојано ги истакнуваше сомневањата во врска со т.н. “метла”, која беше најавена со голема помпезност. Од “метлата” не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последицана оставките на министерите за култура и министерот за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, ништо конкретно, реагираат од партијата преку соопштение.

„Единственото “откритие“ на премиер е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен “трик” за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати.

Премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи партиските гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат со наследство.

Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам.

Тој не покажа храброст се ослободен од неспособните кадри во министерствата и кои не ги постигнаа ветените резултати.

Тој не покажа храброст се ослободи од неодговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадритекои им даваат тендери на штотукурегистрирани фирми, кадрите кои ја користатфункцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го прекршат законот за лични придобивки.

Алијансата за Албанците е свесна дека премиерот не ја поседува таа храброст.

Денес со предлогот што го даде, уште еднаш сака да ги измами граѓаните на Северна Македонија. Премиерот покажа дека се во неговата работа е само фарса. Надеж од оваа влада нема, затоа не преостанува ништо друго освен предвремени избори.

Алијансата е подготвена да го преземе кормилото и да покажеме како се управува во служба на народот, а не во интерес на партиските групи и кланови.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски