Алијанса за Албанците во Тетово: Ќе работиме во интерес на граѓаните

Од:

Алијансата за Албанците (поранешно Движење за реформи на ДПА) вечерва во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово одржа промотивна конвенција за кандидатите за градоначалници и носители на листите за советници на претстојните локални избори.

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на општина Струга Зијадин Села ги повика присутните да ги подржат кандидатите од оваа партија.

– Дали се сеќавате кога Ахмети рече дека претседател на Собранието треба да биде Албанец, но кога дојде моментот да се гласа тоа тој не беше во Собранието, додека ние бевме таму и придонесовме, но и се жртвуваме за тоа. Албанството не се родило и нема да умре со Зијадин Села бидејќи албанството сте вие. Алијасата за Албанците се раѓа во секое семејство и се брани во секој град, а на 15 октомври ќе го создадеме големото семејство за сите Албанци. На овие избори ние имаме кандидат за градоначалник и на Град Скопје бидејќи не сме во коалиција со ниту една партија и сакаме да видиме колкава е нашата политичка сила и таму, рече Села.

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово Аднан Незири истакна дека оваа негова кандидатура е најголемиот предизвик во неговиот живот.

– Имаме победнички тим и затоа треба тој тим да го сочуваме за да ги издигнеме демократските интитуции да бидат отворени кон сите граѓани. Ние сме промената што е потребна, а ќе го докажеме тоа со работа во општината. Граѓаните тоа ќе го почуствуваат преку резултатите што ќе ги постигнеме, за разлика од претходните власти што не понудиле ништо за нив. Ве убедувам дека сме вистинскиот избор за Тетово, победничка екипа во која има од разни професии и оти сме подготвени да работиме за граѓаните, рече Незири.

Не велам, додаде, дека ќе ги решиме сите проблеми, но, ќе работиме да обезбедиме ефикасни и добри услуги и ќе докажеме дека работите може да функционираат поинаку. – Остануваат нашите приоритети здрава и чиста средина, безбедност и инвестиции за нови работни места, рече Незири.

Пред присутните на конвецијата во Тетово зборуваа и шефот на изборниот штаб на партијата и заменик министер за труд и социјална политика Иљми Азири, како и сите кандидати за градоначалници од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски