Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине сопствените изборни интереси и да се воздигне на должноста што и припаѓа

Од:

„Tоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата“, велат од Алијанса за Албанците.

„Од друга страна, решението што го нуди овој политички субјект во однос на преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти. Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%.

Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине нивните изборни интереси и да се воздигне на должноста што им припаѓа, вклучително и подготвеноста на нејзиниот лидер јавно да се изрази, во отстранувањето на навредливата терминологија за јазикот на нивните сограѓани, во случајов албанскиот јазик“, соопшти Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија