Алијанса за Албанците: Со години ДУИ ги бара гласовите на Албанците за проекти што дури и не се започнати

Од:

Со години ДУИ ги бара гласовите на Албанците за проекти што дури и не се започнати. Се чини дека ДУИ се навикна да ги користи истите изборни ветувања во секоја кампања, допирајќи до слабните точки на Албанците за политичка корист, заборавајќи дека народот не заборава, велат од Алијанса за Албанците преку соопштение.

Нивната платформа за 2014 година вети стотици милиони евра капитални инвестиции. Меѓу овие ветувања, од платформата што ја криеше ДУИ, е и проектот за автопатот Скопје – Блаце. За кој проект ДУИ долго време се фали, но не само што не е започнат воопшто, туку истиот е поништен. АА го најде документот со кој е поништен овој проект од Бирото за јавни набавки, се вели во соопштението.

Според овој документ причина за поништувањето е дека не е поднесена ниту една понуда за изработка на автопатот, или пак не е поднесена ниту една прифатлива понуда. Ние како Алијанса првото прашање што го поставуваме е:

1. Зошто е поништена постапката за доделување на договор за јавна набавка, додека крајниот рок за пријавување е 29 ноември 2019 година?, прашуваат од Алијанса за Албанците.

АА го прашува ДУИ дали овој проект се чува како ветувачка алатка за изборната кампања пред нас? Нереализираните ветувања на ДУИ се во голем број, но денес сме тука за да откриеме само неколку од нив, додаваат од таму.

„- Во 2014 година беше ветено и отворање на граничниот премин Беланоц-Станчиќ, како и оној на Тануш-Дебелде, но кои се уште се само во почетна фаза. – Друга капитална и витална инвестиција за албанските населби беше изградбата на филтер станици и водоводни мрежи во Тетово и Липково. До кога ДУИ размислува да ги лаже Албанците со истите празни ветувања кои нема намера да ги исполни! Ние, АА, денес сме тука за да ги потсетиме Албанците ЗА неисполнетите ветувања на ДУИ. Ние сме тука да ви кажеме дека Алијанса секогаш ќе биде вистинска алијанса(вистински сојуз)за Албанците, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски