Алијанса за Албанците: Престани Арбен, двајца Македонци и во Фондот за здравство

Од:

Со формирањето на нелегитимната влада Албанците секојдневно ги губат најважните дирекции во државата. По Агенцијата за Разузнавање, каде што беше разрешен директорот Албанец и именувани директор и заменик директор Македонци, денеска истото се случи и со Фондот за здравствено осигурување. Во оваа институција, која е во секторот на Арбен Таравари, денеска стапија на должност двајца нови директори, двајцата Македонци, разрешувајќи ги двајцата поранешни директори, од кои едниот Албанец, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

„Со одлуките започнати од формирањето на Владата, но и со оние што се очекува да бидат донесени во наредниот период, по 25 години, Албанците се исклучени од клучните позиции во најважните институции во државата. Албанските партии кои ги загубија изборите и како такви станаа дел од Владата, во некои случаи молчат, а во некои случаи, како овој последниот, стануваат директни спроведувачи на одлуките против Албанците, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани