Алијанса за Албанците: Пред пет години на 27 април урнавме половина од режимот и ветивме дека ќе продолжиме со другата половина

Од:

По пет години од битката за демократизација и институционална нормализација, битката во која што се пролеа крв, беа загорезени животи и падна храмот на демократијата е изневерена и продадена од новиот режим кој денес има димензии на претходниот рече на прес конференција по повод петгодишнината од настаните во Собранието на 27 април, Наим Бајрами.

– На 27 април, 2017 година, урнавме половина од режимот, Никола Груевски со неговиот клан и ветивме дека ќе продолжиме со уривање и на другата половина, партнерот на Груевски, ДУИ. На оваа изложба, јасно, на илустриран начин се гледаат настаните од тој ден. За жал, денес СДСМ се соедини со половината на тој режим, со ДУИ и тие заедно создадоа хибриден режим, создадоа една безнадежна и разочарувачка власт. Ги амнестираа организаторите и извршителите на 27 април, неправедно го затворија Фета Алими и продолжија со криминалот и корупцијата, со заробеноста на државата, партизацијата на судството, ограбувањето на граѓаните и изолацијата на земјата. Сепак, Алијанса за Албанците е решена да ја продолжи оваа битка и ние сме убедени дека ќе триумфираме. Ние не сме сами. Во оваа битка сме одлучни, заедно со граѓаните, со меѓународниот фактор и со сите тие коишто се против сите режими вели Бајрами.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски