Алијанса за Албанците: Партиски милитант на ДУИ со смртни закани за Таравари и неговото семејство

Од:

„Заканата по живот на генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, др. Арбен Таравари и неговото семејство, од страна на партиски милитант на ДУИ Хебиб Фејзули, со дебело криминално досие, претставува напад врз политичкиот субјект Алијансата за Албанците, граѓаните на Гостивар и на пошироката јавност.

Овој срамен чин, заканата по живот, ја покажува темната страна на ДУИ и нивните партиски експоненти, кои заштитени од законот, си дават право да дејствуваат како локални шерифи, и да идат толку далеку дури со јавно заканување на градоначалник, избран од страна на легитимните гласови на своите граѓани.

Овој вандалски чин на милитантите на ДУИ со познато криминално досие, е продолжување на различни политички опструкции кон Општина Гостивар од страна на СДСМ и ДУИ, откако ги одзедоа ингеренциите во образование, откако ги именуваа старо новите директори до блокирање на буџетот на општината.

Време е милитантите на ДУИ во Гостивар да ја прифатат новата реалност во Гостивар. Гостиварчани ја осудија политиката на ДУИ, токму поради ваквите криминалци и “шерифи”, кои биле недопирливи пред законот и полицијата.

Ја повикуваме полицијата и обвинителството, како и сите други релевантни институции, што е можно поскоро да се преземат конкретни мерки против насилниците и истите да се појават пред лицето на правдата и да ја добијат казната што ја заслужуваат, овозможувајќи му на градоначалникот на Гостивар и на новото општинско раководство да ја вршат својата работа и да ги исполнат ветувањата дадени пред граѓаните на Гостивар“ се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски