Алијанса за Албанците: МВР треба да ги открие и сторителите на палењето на албанското знаме

Од:

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да постапи итно и како што постапи со откривањето на авторите на државното знаме, со иста итност да постапи и против оние кои го запалија албанското знаме. Доколку оваа акција изостане, тогаш уште еднаш ќе се истакне дека законот и органите на прогонот се селективни во оваа земја и дека дејствуваат само кога Албанците треба да бидат казнети, велат од Алијанса за Албанците.

„Ги повикуваме и губитниците во Владата, коалицијата вреди, еднаш да се ангажираат во корист на Албанците, во одбрана на националното знаме и во донесување правда и еднаквост за граѓаните во државата. Скандалозна е нивната реакција каде од почеток до крај не се ни осмелуваат да го спомнат палењето на албанското национално знаме. Дали ова значи дека некој друг ги пишува соопштенијата а тие само ги преведуваат!?

Ваквото селективно однесување на институциите само кон една етничка заедница, додека толерираат и привилегираат друга заедница, служи само за продлабочување на меѓуетничкиот јаз, зголемување на недовербата на граѓаните кон државата и институционалната дискриминација“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Алијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“

АА: Бараме итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани