Алијанса за Албанците: Изборите поминаа добро, со помали неправилности

Од:

Шефот на изборен штаб на Алијанса за Албанците Елми Азири изјави дека денешните избори поминале добро, со помали неправилности, што не го загрозиле изборниот процес, Додаде дека резултатите ја поставиле Алијансата за Албанците како втора политичка партија на Албанците во Македонија и во албанскиот политички блок.

– Во сите градови Алијансата постигна одлични резултати и во најголем дел од местата имаат и стопроцентно зголемување на гласовите во однос на Парламентарните избори во декември 2016, а на некои места дури и од два до пет пати зголемување на нивните гласачи, рече Азири.

Во Струга Алијансата, односно нивнит лидер Зијадин Села како победник оди во вториот круг каде ќе се натпреварува со кандидатот на СДСМ, а додека во Гостивар нивниот кандидат Арбен Тарвари како победник ќе оди во вториот круг и ќе се сретне со Невзат Бејта од ДУИ.

Во втор круг нивните кандидати ќе се натпреваруваат во Врапчиште со кандидатот на ДУИ, во Дебар исто така со кандидатот на ДУИ, и во Боговиње со кандидатот на ДУИ.

Таму каде што немаат влезено во вториот круг нивните кандидати имаат значително зголемување, кое во Куманово изнесува 100 отсто и во Липково е за двапати зголемување на нивните гласови.

– Во Скопје, Чаир и околните скопски општини имаме значително зголемување на гласовите. Слична е состојбата во Тетово и другите тетовски општини каде што на многу изборни места нашите кандидати беа први во бројот на освоени гласови што ја профилира Алијансата за Албанците како најсериозна прогересивна политичка партија во албанскиот политички политички блок во Македонија, рече Азири.

И овој изборен ден потврди, како што додаде, дека Зијадин Села ќе биде неприкосновен лидер на Албанците во Македонија.

Во однос на можните постизборни коалицирања за вториот круг каде што не се пласирани нивните кандидати, Азири посочи дека претседателството и во потесен и во поширок состав ќе одржи следните денови состанок, по што откако детално ќе ги разгледа сите резултати и ќе донесе вистинска одлука. Според Азири за Алијансата за Албанците изборниот процес не е само техничка работа што завршува во 19 часот, туку е суштинска и што има влијание врз иднината на граѓаните и особено Албанците во Македонија.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ