Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Од:

Поништувањето на пресудата за обвинетите како организатори на настаните од 27 април 2017 година, каде повторно причина се пропусти и процесни прекршувања од прв степен, кај нас веќе стана судска практика. По многубројните случаи каде пресудите беа поништени од истата причина и како резултат на тоа предметите застарија, последниот случај само ги потврдува сомнежите дека овие дејствија се намерни. Итно треба да се побара одговорност од судиите и другите можни виновници инволвирани во овие скандалозни акции. Во меѓувреме, политичките партии и другите релевантни фактори треба да седнат што е можно поскоро за да се започне процесот на ветинг и другите неопходни реформи во судството и обвинителството, велат од Алијанса за Албанците.

„Насилството од 27 април 2017 година во највисоката законодавна институција во државата е еден од најсериозните и најскандалозните настани од осамостојувањето на Северна Македонија, за дискредитирање и оцрнување на државата од режим. Таквите дела треба да ја добијат казната што ја заслужуваат за да не се повторат никогаш повеќе во иднина. Во спротивно, ваквите постапки на судовите претставуваат легитимирање и поттикнување на криминалот и тероризмот“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Лога: И по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците

Алијансата за Албанците предлага антикризни мерки во здравството