Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците

Од:

Алијанса за Албанците денеска го одржа првиот состанок на Централното собрание по вонредниот Конгрес на 24 декември, на кој се расправаше за политичката состојба во државата и беа комплетирани повеќето централни структури на партијата за следните 4 години.

На предлог на претседателот Арбен Таравари, Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на партијата.

Со апсолутно мнозинство членовите на собранието го избраа Кренар Лога за генерален секретар, а Исен Шабани за организациски секретар.

На денешното собрание беа избрани и тројца потпретседатели на партијата, односно пратениците Илире Даути и Елми Азири, како и општинската советничка на Скопје, Бујаре Абази. Потпретседателско место за Тетово остана празно до внатрешните избори во огранокот.

Со предлог на претседателот, Арбен Таравари и во консултација со ограноците, Собранието одобри 29 членови на Претседателството на партијата.

Претседателството ќе се пополни со дополнителни членови на следната седница на Собранието.

– На Собранието се водеше долга и широка дискусија за политичката состојба во која се наоѓаат земјата и регионот и пристапот на Алијанса за Албанците во периодот што следува. Претседателот, Арбен Таравари, истакна дека државата, како никогаш досега, се наоѓа во пресвртен момент и дека активностите/дејностите и одлуките што се носат денеска ќе имаат последици со децении по ред.

Членовите на Собранието се согласија дека земјава нема друга алтернатива освен уставните измени и дека секое друго решение е закана за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и во Европа. Додека Европа никогаш не била повознемирена од Втората светска војна, по руската агресија врз Украина и тензичната ситуација во регионот, Северна Македонија е безбедна и перспективна земја под капата на НАТО. Алијанса за Албанците е решена да ја закотви земјата дефинитивно со Западот. Сè друго не води кон непознато и спирала на бескрајна неизвесност.

Членовите на Собранието едногласно го овластија Претседателството на партијата да формира комисија којашто ќе разговара со претставниците на Владата за уставните измени, можното проширување на парламентарното мнозинство и отворањето на преговорите за членство во ЕУ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски

Алијансата за Албанците предлага антикризни мерки во здравството

Алијанса за Албанците: Децата веќе 44 дена без учебници, МОН го уништува образованието

Алијанса за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници

Алијанса за Албанците до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ

Горан Наумовски